Достапни линкови

Листи на чекање во битолските градинки


Од Секторот за образование во Општина Битола соопштија дека двете јавни установи во чиј состав се наоѓаат градинките имаат пополнет капацитет со деца, а некаде постојат и листи на чекање. Така, во јавната установата детски градинки „Мајски цвет“ запишани се 780 деца, а чекаат 179. Инаку во Битола има 15 градинки во кои се згрижени над 1.400 деца.

И годинава целосно е пополнет капацитетот на детските градинки во Битола, па над двесте деца се на листа на чекање. Ваквиот проблем се провлекува веќе неколку години како последица на зголемен интерес на родителите за предшколска едукација на децата и недостигот на нови градинки.

Отидовме да го запишеме синот во градинка уште пред еден месец, но ни беше кажано дека веќе се зафатени сите места. Во меѓувреме се снаоѓаме како знаеме и умееме, детето расти по баби и други роднини.

„Отидовме да го запишеме синот во градинка уште пред еден месец, но ни беше кажано дека веќе се зафатени сите места. Во меѓувреме се снаоѓаме како знаеме и умееме, детето расти по баби и други роднини“, вели еден битолчанец.

Градинка во Битола.

Градинка во Битола.

Реагираа и советниците од опозицијата дека локалната власт ветила нови градинки, а не го исполнила ветувањето.

„Ветување кое требаше да биде завршено во 2014 година, уште лани во извештајот на буџетот требаше да ја гледаме оваа реализација зашто тоа беше рокот согласно програмските определби на оваа локална самоуправа. Тие ветија дека секое новородено дете во општина Битола ќе биде згрижено во градинките и соодветните предшколски установи. За жал, сите денес знаеме дека за да сместите дете во детска градинка или треба да сте стигнале на листата на чекање или треба да ја имате врската за детето да биде сместено“, критикуваше Наташа Петровска од СДСМ.

Од Секторот за образование во Општина Битола соопштија дека двете јавни установи во чиј состав се наоѓаат градинките имаат пополнет капацитет со деца, а некаде постојат и листи на чекање. Така, во јавната установата детски градинки „Мајски цвет“ запишани се 780 деца, а чекаат 179. Инаку во Битола има 15 градинки во кои се згрижени над 1.400 деца.

Од Општината велат ваквата состојба е последица на зголемениот број на деца во последните години. Додаваат дека изградиле градинка во населбата Долно Оризари, а ќе се градат и надградуваат други.

„Секоја година имаме во програмата предвидено подобрување и проширување на капацитетите, реконструкција на дел од градинките. Во село Кравари есенскиот дел ќе започнеме со изградба на градинка“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG