Достапни линкови

Иванов информиран за можните безбедносни ризици


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска на работен состанок со безбедносните служби на Македонија бил информиран за заканите и ризиците од регионалните кризи и конфликти со кои се соочува земјава, како и за мерките кои се превземаат за превенција и справување со нив. На средбата било истакнато дека системот за национална безбедност учествува со мерки и активности за превенција и справување со актуелната кризна состојба зафатена со бранот на илегална миграција. Тие го информирале Иванов дека покрај ангажирањето на дел од армиските и полициските единици за надзор на државната граница, службите разменуваат и добиваат податоци од странски партнери од ЕУ и НАТО и од државите во регионот.

XS
SM
MD
LG