Достапни линкови

Меркел: Потребен е итен европски одговор за бегалската криза


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска им се заблагодари на сите кои за време на викендот помогнале при приливот на огромниот број мигранти, но истовремено нагласи дека е потребен итен европски одговор за бегалската криза. „Зад нас имавме викенд кој беше тогателен, кој го одземаше здивот“ рече Мерлкел додавајќи дека сите напори на Германците да обезбедат прва помош за илјадниците бегалци, „создадоа слика која може да не направи горди на нашата земја“, рече Меркел. Таа и заменник канцеларот Зигмар Габриел, нагласија дека сепак не може цел товар од бегалската криза да падне на рамениците на само неколку европски земји и апелираа дека е потребно европско решение. Франција денеска соопшти дека ќе прими 24 илјади бегалци.

XS
SM
MD
LG