Достапни линкови

Коментари за демократијата, Телеком, образованието


Политичките состојби во Македонија, враќањето на опозицијата во Парламенот, пишувањата за митото и Телеком, состојбите во образованието, привлекле најмногу коментари.

Шанса за нормализација на политичката состојба во Македонија, но не и гарант за демократизација на процесите - се очекувањата на политичките аналитичари кои ги консултиравме откако минатиот вторник опозицијата на чело со СДСМ се врати во Собранието.

враќање на демократијата е обична информбировска пропагандистичка парола.

Но на Миле од Охрид не му е јасна „паролата“, како што вели, на „пропагандистите дека ќе се врати и демократијата“. Па прашува на која претходна „демократија“ се мисли и од кои елементи се состоела таа демократија - која, цитирам, „со насилство, вклучување на странски режими и бирократии и недемократски средства сакаме да ја вратиме“. Миле очигледно има проблеми со препотопскиот Голи Оток зашто смета дека „враќање на демократијата е обична информбировска пропагандистичка парола“. На Миле му одговара Пиле кој му појаснува дека „оваа практикувана диктатура инсталирана од истите актери од 2001-та - ќе ја нема“.

Сироти деца, ги упропастија

Откако Судот во Њујорк, го отвори за јавноста сведочењето на поранешниот шеф на македонската тајна полиција, Слободан Богоевски, и кога некои медиуми објавија дека од документите можело да се прочита името на некогашниот висок функционер, Владо Бучковски, посочен за примање мито при продажбата на македонскиот Телеком, а кој реагира дека Богоевски искажал низа неточни информации, Олга Миновска на нашата Фејсбук страница постирала: „Наместо да се засрами и да се скрие, уште зборува. Се чудевме зошто лае против неговата партија, СДСМ, а тој бил нечист“, напишала Олга Миновска.

Во Хајд паркот на РСЕ поставивме ново прашање кое накусо би се свело на „Нова школска година со старите проблеми“. Трајко од Скопје кратко коментирал на нашата веб-страница: „Сироти деца, ги упропастија“. Токму од незадоволството од реформите во образованието, и средношколците од Средношколскиот пленум протестираа на првиот ден на почетокот на новата учебна година, а Јосиф Давидов во својот коментар ги потсетува да не ги забораваат децата од деветолетките, зашто и тие имале проблеми, а станувало збор за деца, само едните поголеми, другите помали, напишал Јосиф Давидов.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG