Достапни линкови

logo-print

Судењето за „Пуч“, повторно одложено


Основниот суд Скопје 1 повторно го одложи судењето за случајот „Пуч“ во кој меѓу обвинетите е и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Следното рочиште е закажано за 5 октомври. Причината за одлагањето на процесот е барањето на Јавното обвинителство да се укине привремената мерка Заев да се јавува во Судот во Струмица, барањето да му се одземе пасошот на Заев како и неговото неприсуство во Судот. За привремената мерка треба да расправа Кривичниот Совет при Основниот Суд Скопје 1.

Освен Заев кој е четвртообвинет во случајот „Пуч“, двајца од обвинетите, Бранко Палифров и Соња Верушевска, неодамна беа пуштени да се бранат од слобода. А првообвинетиот Зоран Верушевски и петообвинетиот Ѓорѓи Лазаревски се наоѓаат во притвор . Во меѓувреме, Верушевски беше осуден на тригодишна казна затвор за службениот пиштол од МВР што го пронајде полицијата во неговиот дом. Тие се осомничени за неовластено прислушување, шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

XS
SM
MD
LG