Достапни линкови

По 24 години независност, се уште нејасна иднина


Архивска фотографија - прослава на 20 години од незавиноста.

Архивска фотографија - прослава на 20 години од незавиноста.

Ако беше амбициозна држава по 24 години независност веројатно веќе ќе беше членка на Европската унија и на НАТО, оценуваат познавачите на состојбите од осамостојувањето досега.

Ако беше амбициозен човек веројатно веќе ќе имаше завршено факултет, а ќе го имаше и првото вработување. Ако беше амбициозна држава по 24 години независност веројатно веќе ќе беше членка на Европската унија и на НАТО, оценуваат познавачите на состојбите од осамостојувањето досега. Според нив Македонија има мал напредок, но и назадување особено во демократските процеси.

Напредок има во тоа што ја зацврсти независноста, се етаблира во системот на држави на денешницата, стана членка на ОН, на ОБСЕ и така натаму.

Стојан Андов, кој беше претседател на Собранието кога Македонија преку референдум стана независна, вели дека земјава од тогаш досега има поддршка за клучните прашања од меѓународниот фактор.

„Напредок има во тоа што ја зацврсти независноста, се етаблира во системот на држави на денешницата, стана членка на ОН, на ОБСЕ и така натаму. Меѓутоа голема слабост е што Македонија до денес барем со владата на Груевски, но и претходно не покажуваат дека го сфаќаат, го разбираат патот по кој треба да одат, туку покажуваат голема неодговорност и неспособност да го следат тој пат“, вели Андов.

Македонија очигледно назадува, Македонија стана некоја сива зона.

Според Насер Зибери, пратеник во парламентот во раните деведесетти години, неспорно е дека Македонија назадува.

„Ако се споредиме со опкружувањето мислам дека Македонија назадува. Во деведесеттите години бевме понапред од опкружувањето. Многу од земјите како Бугарија, Романија отидоа напред и станаа членки на Европската унија. Хрватска исто така, во деведесеттите години Хрватска беше во војна излезе од војна, изгради стабилни институции, отпочна преговори, стана членка на ЕУ и на НАТО. Македонија очигледно назадува, Македонија стана некоја сива зона“, вели Зибери кој не ја отфрла како причина за не напредувањето ниту тезата дека дел од вината е и кај Грција која ја блокира македонската интеграција. Тој додава дека сепак не е коректно да се посочува јужниот сосед како единствен виновник за стоењето во место.

„Секако дека Македонија можеше да направи многу повеќе и со ваквиот став на Грција. И не само тоа ние треба да заборавиме дека грчкиот став се радикализира во последните години а тоа според сите анализи е продукт на нашите непромислени политики“, вели Зибери.

И додека земјава од 2008 година навака останува блокирана поради грчкото вето, паѓа и на ранг листите кои светските организации ги подготвуваат за демократските процеси. Па така од лани според Фридом Хаус е во групата на транзиски или хибридни режими а има и континуиран пад според слободата на медиуми.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG