Достапни линкови

Давутоглу: Европа е христијанска тврдина за бегалците


Ахмед Давутоглу

Ахмед Давутоглу

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу го критикуваше, како што изјави, „смешно малиот број“ бегалци што Европа се подготвува да прифати, оценувајќи го Стариот континент за „христијанска тврдина“ за бегалците. „Само Турција прифати над два милиона бегалци од Сирија и Ирак и направи тампон зона меѓу хаосот и Европа“, рече Давутоглу во интервју за германскиот весник „Фарнкфуртер алгемајне“. Според него, таквиот став спрема бегалците е во спротивност со европските вредности. Тој додаде дека Турција како земја кандидат за прием во Европската унија не се надевала на таква реакција на европејците.

XS
SM
MD
LG