Достапни линкови

Потрага по отпаднички заменик министер во Таџикистан


Душанбе

Душанбе

Таџикистанските безбедносни сили ја продолжуваат потрагата по отпадничкиот поранешен заменик министер за одбрана Абукхалим Назарзода по судирите околу Душанбе пред три дена во кои загинаа 26 луѓе, вклучувајќи девет полицајци и 11 милитанти. Тој и неговите следбеници успеале да избегаат откако на 4 овој месец нападнале едно складиште со муниција и полициска станица. Претседателот Емомали Рахмон изјави дека нападите биле извршени од исламистички милитанти кои сакаат да го соборат од власт. Назарзода е поранешен член на Обединетата опозиција во Таџикистан, коалиција меѓу демократи, националисти и исламски сили која се бореше против владините сили во граѓанската војна за време на деведесетите години од минатиот век.

XS
SM
MD
LG