Достапни линкови

Шојбле бара од ЕУ единствена реакција спрема бегалците


Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ги повика сите земји на Европската унија на единствена реакција спрема бегалската криза за да се зачуваат мирот и вредностите на Стариот континент. Тој изјави дека Европа треба да докаже дека сака зачувување на мирот и слободите како суштински модел на едно општество. Тој покрај, кризата со бегалците ја спомна и кризата со еврото, како и со климатските промени. Во Германија само во текот на вчерашниот ден пристигнале околу 10 илјади бегалци.

XS
SM
MD
LG