Достапни линкови

Полициско и армиско засилување на Лезбос


Грчките власти испратиле полициско и армиско засилување на островот Лезбос за справување со приливот на илјадници бегалци и мигранти. Тензиите на островот пораснаа откако двајца напаѓачи на мотор фрлиле два молотови коктела врз сириски бегалци, кои спиеле во паркот во Митилини, главниот град на островот. Полицијата соопшти дека еден Сириец бил повреден. Полициските безбедносни сили употребиле солзавец и палки за растурање на група бегалци, откако избувнал судир меѓу Сиријци и Авганистанци додека чекале да се регистрираат. Од почетокот на годината во Грција се регистрирани 230.000 бегалци.

XS
SM
MD
LG