Достапни линкови

Македонските кошаркари ја совладаа Холандија


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на ФИБА Европското првенство 2016, откако во второто коло со 78-71 славеше над Холандија.

Македонската репрезентација беше подобра во текот на целиот меч, а клучната предност ја оствари во втората четвртина која ја доби со 13 поени разлика.

Најефикасни кошаркари кај Македонија беа Владо Илиевски со 14 поени и Бојан Трајковски, Александар Костоски со по 13 постигнати поени, додека кај Холандија најмногу се истакна Николас Де Јонг со 19 поени.

XS
SM
MD
LG