Достапни линкови

Илјадници мигранти пристигнуваат во Германија


Илјадници мигранти продолжуваат да пристигнуваат во Германија, најголемиот дел преку Австрија и Унгарија, каде што беа заглавени со денови. Според баварските власти, околу 6.800 мигранти вчера влегле во Германија, а денеска се очекуваат уште околу 5 илјади луѓе.

Повеќе од 10 илјади луѓе ја напуштија Унгарија откако вчера беше отворена границата. Унгарија неколку дена ги спречуваше мигрантите да ја напуштат земјата, велејќи дека треба да се регистрираат. Австрија соопшти дека се договорила со Германија да им овозможи на мигрантите да поминат, заобиколувајќи ги законите за азил кои бараат барателите да се регистрираат во првата земја од ЕУ во која ќе пристигнат.

XS
SM
MD
LG