Достапни линкови

logo-print

Груевски: Извештајот на ММФ валоризација на работата на Владата


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Последниот Извештај на ММФ кој покажува дека Македонија е во петте најниско задолжени земји и оти странските инвестиции ќе отворат нови 30 илјади работни места е валоризација на работата на Владата и демаскирање на лажната слика која ја претставувала опозицијата дека власта ја презадолжува земјата, дека ќе има крах, дека долгот е екстремно висок, рече денеска премиерот Никола Груевски.

По пуштањето во употреба на новата опрема во ГОБ „8 Септември“, Груевски рече дека е од особена важност фактот дека ММФ го потенцира делот поврзан со странските инвестиции.

„Во тој дел укажуваат на успешноста на владините политики и прогнозираат дека од странските инвестиции ќе следи отворање на нови 30 илјади работни места. Значи, тоа веќе не го кажува Владата, туку ММФ“, рече Груевски.

XS
SM
MD
LG