Достапни линкови

Приведен градоначалникот на Букурешт под сомнение за корупција


Илустрација.

Илустрација.

Романската полиција го уапси градоначалникот на Букурешт Сорин Опреску под сомнение за примање мито од 25 илјади евра од компании што работат за градското собрание, соопшти Канцеларијата на обвинителството за борба против корупција.

По наредба на обвинителството, Опреску е во притвор од полноќ, а романскиот суд подоцна денеска ќе одлучи дали градоначалникот на Букурешт ќе биде и формално уапсен.

Во соопштението се наведува дека компаниите, што имале договори со градското собрание во периодот од 2013 до 2015 година биле обврзани да платат и до 70 отсто од своите приходи на градски функционери, од кои 10 проценти биле за градоначалникот.

Опреску, кој е градоначалник на Букурешт од 2008 година, не даде изјава по синоќешното апсење.

XS
SM
MD
LG