Достапни линкови

Повеќе од две илјади мигранти влегле во Македонија за 24 часа


Во последните 24 часа се издадени потврди за право за барање азил на 2.165 странски државјани, од кои 1.309 се мажи, 303 жени и 446 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 107 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството, најбројни се лицата од Сирија, 1.788, потоа од Иран 116, Ирак 98, Авганистан 66, Палестина 47, Пакистан 12, додека другите се во помал број.

За истиот период, не се поднесени барањаза признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Во периодот од 19 јуни до 6 септември годинава се издадени потврди на вкупно 62.586 странски државјани.

XS
SM
MD
LG