Достапни линкови

Шестмина гледачи загинаа на авто-трка во Шпанија


Илустрација.

Илустрација.

Шестмина гледачи загинаа во несреќа на автомобилска трка во Шпанија, кога еден од автомобилите излета од патеката и удри во публиката. Меѓу загинатите на вчерашната тркат во Коруња во северозападниот регион Галиција има четири жени, од кои една бремена, и двајца мажи. Повеќе од десетина луѓе кои ја гледале трката од покрај шумскиот пат се повредени. Полицијата соопшти дека поради преголема брзина, возачот не успеал да „ја фати“ кривината и излетал од патот удирајќи во 20-тина луѓе. Возачот и неговиот совозач не биле повредени, јавуваат локалните медиуми.

XS
SM
MD
LG