Достапни линкови

logo-print

Мигрантите од Унгарија на пат кон Германија


Австриската полиција соопшти дека околу 6,5 илјади мигранти влегле во земјата во текот на денот, откако унгарската влада изненадувачки обезбеди голем број автобуси за нив. Околу 2.200 од нив веќе се на пат кон Германија, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Мики-Лајтнер на железничката станица во Виена.

Австрија соопшти дека се договориле со Германија да ги пушти да влезат на германска територија.

Унгарија неколку дена ги блокираше мигрантите да не патуваат со воз во Австрија и Германија, со образложение дека има обврска да ги регистрира. Повеќе од 140 илјади мигранти оваа година влегле во Унгарија преку Србија. Властите во Будимпешта градат ѕид на границата со Србија во обид да го спречат приливот.

XS
SM
MD
LG