Достапни линкови

Порошенко - Прекинот на огнот се почитува цела недела


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека договорот за прекин на огнот за прв пат се почитува цела недела во источна Украина, каде што владините сили се во конфликт со проруските сепаратисти.

„Денеска се навршува првата недела без пукање во зоната на борба. Прва недела кога конечно договорот од Минск се спроведува“, рече Порошенко денеска во Киев.

Порошенко рече дека неколку луѓе загинале или биле повредени во различни инциденти, но оти „никој не загинал во борби или како резултат на гранатирање.

Договорот за прекин на огнот беше постигнат во февруари годинава во главниот град на Белорусија, а со посредство на Германија и на Франција.

Конфликтот во источна Украина почна во април минатата година и досега загинаа повеќе од 6.500 луѓе.

XS
SM
MD
LG