Достапни линкови

Финскиот премиер ќе згрижува мигранти во неговиот дом


Финскиот премиер Јуха Сипила изјави дека ќе им го понуди неговиот дом на бегалците, откако неговата влада двојно ја зголеми проценката за бројот на баратели на азил во земјата оваа година на 30 илјади. Сипила денеска изјави дека неговиот дома во Кемпеле, северна Финска, малку се користи во моментот и оти ќе згрижува баратели на азил од почетокот на наредната година. Тој изјави дека ЕУ планира да распореди 120 илјади бегалци што пристигнуваат во Грција, Италија и Унгарија во државите од ЕУ што доброволно сакаат да ги примат и изрази надеж дека Финска ќе покаже пример. Европските лидери се борат да договорат политики за справување со големиот број мигранти, од кои најголем дел бегаат од војната во Сирија. Во меѓувреме, полската премиерка Ева Копач денеска рече дека прифаќањето на 2 илјади мигранти е доволно со оглед на можностите на Полска. Во јули, Полска се согласи да прими две илјади мигранти од Сирија и од Северна Африка до 2017 година. Полска, заедно со Чешка, Словачка и Унгарија не прифаќаат квоти на ЕУ за распоредување бегалци.

XS
SM
MD
LG