Достапни линкови

logo-print

Нови 1.462 мигранти влегле во Македонија, бројката надмина 60.000


На влез во Македонија кај Гевгелија и понатаму пристигнуваат бегалци, најмногу од Сирија. Од јуни годинава се издадени потврди за намера за азил на вкупно 60.421 странски државјани.

Од вчера изутрина од 8:00 часот до денеска во исто време полицијата издала потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на 1.462 странски државјани, од кои 889 мажи, 224 жени, 271 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 78 деца кои патуваат без родител.

Како што соопшти МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 1.253, Ирак - 85, Авганистан – 81, Пакистан - 23, додека другите се во помал број.

XS
SM
MD
LG