Достапни линкови

logo-print

Одбележана шестгодишнината од потонувањето на бродот Илинден


Делегации на Општина Охрид, на Граѓанското здружение „5 септември“, Капетанијата на пристаништа од Охрид, Бугарскиот културен центар од Скопје, како и на Ротари-клубовите од Охрид и Пирдоп денеска положија цвеќе пред споменикот на настраданите во бродската несреќа на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

Најголемата несреќа на Охридското Езеро се случи на 5 септември 2009 година, кога бродот „Илинден“ потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот во близина на автокампот „Елешец“. Притоа загинаа 15 од 56-те патници, туристи од соседна Бугарија, кои со „Илинден“ патуваа на излет во Свети Наум. Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

XS
SM
MD
LG