Достапни линкови

logo-print

Пред затворање руска организација за набљудување избори


Висок претставник на единствената невладина организација за мониторинг на изборите, Голос, изјави дека организацијата размислува за затворање, откако беше прогласена за странски агент. Руското Министерство за правда вчера соопшти дека ја додава Голос на листата на странски агенти. Контроверзниот руски закон вели дека секоја невладина организација што се занимава со политика, а добива пари од странски фондови, мора да се регистрира како странски агент. Терминот има пежоративна конотација од времето на Студената војна и критичарите велат дека законот има за цел да ги дискредитира таквите организации. Законот е една од неколкуте мерки што ги презема владата на претседателот Владимир Путин за притисок врз организациите што се противат на владините политики.

XS
SM
MD
LG