Достапни линкови

Временска прогноза - Сончево и многу топло време


Времето претпладнево ќе биде сончево и многу топло, а попладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер.

Температура ќе се движи од 32 до 38 степени.

Во Скопје слично време со температура до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

И денеска поголем дел од земјата ќе се наоѓа во портокалова фаза. Од недела попладне ќе има значителна промена на времето проследена со засилен ветер, локален дожд и опаѓање на дневната температура особено во западните и северните делови. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди, а дневната температура ќе биде пониска за околу шест степени.

XS
SM
MD
LG