Достапни линкови

Радован Караџиќ опериран во холандска болница


Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ кој чека пресуда во неговото судење за геноцид во Судот на Обединетите Нации, имал операција за отстранување на желчното кесе. Според документите објавени денска од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, Караџиќ имал операција на 27 август во холандска болница, откако се покажало дека имал воспаление на жолчното кесе. На Караџиќ му се суди за наводно организирање на злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина меѓу 1992-1995 година, во која загинаа околу 100 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG