Достапни линкови

Во нападите во Душанбе загинаа 17 лица


Официјалните лица соопштија дека осум полицајци се убиени во напади околу главниот град Душанбе, предизвикувајќи ја амбасадата на САД да затвори и предизвикувајќи страв дека насилството може да продолжи. Министерството за внатрешни работ на својата веб страница соопшти дека „терористичка група“ предводена од заменик министерот за одбрана Абдухалим Назарзода, познат како Хоџи Халим, започнала напад врз полицијата во областа Вахдат и подоцна се судрила со безбедносните сили во близина на аеродромот во Душанбе. Полицијата соопшти дека девет напаѓачи се убиени и дека шест други се уапсени. Полицијата вели дека во тек е истражувачка акција за апсење на Назарзода.

XS
SM
MD
LG