Достапни линкови

Загина полицаец во напад на ПКК во Турција


Еден полицаец е убиен и еден е повреден во напад на курдските милитанти на полициска станица во источниот турски град Тунчели. Нападот е последен во бранот насилства што се рашири во доминантно курдскиот исток на земјата, по пропаѓањето на договорот меѓу Владата и Курдската работничка партија ПКК. Според извештаите девојче е сериозно повредено во нападот, како и еден возач на амбулантна кола. Најмалку 70 припадници на турските безбедносни сили и стотици милитанти на ПКК загинаа од јули оваа година.

XS
SM
MD
LG