Достапни линкови

УНХЦР: Вчера 5600 бегалци минале низ Македонија


Околу 5.600 бегалци влегле вчера од Грција во Македонија, што е значајно зголемување во однос на претходните денови и укажува оти се повеќе мигранти доаѓаат кон Европа, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). „Тоа е апсолутно драматична ситуација. Македонија и натаму е транзитна земја во која мигрантите влегуваат со намера да го прдолжат патот кон Западна Европа, изјави портпаролката на УНХЦР Мелиса Флеминг. Се проценува дека само во последните два месеца, од Грција во Македонија влегле над 60 илјади мигранти.

XS
SM
MD
LG