Достапни линкови

logo-print

ОН: ЕУ мора да прифати 200 илјади бегаци


Шефот на агенцијата за бегалци на Обединетите Нации ја повика Европската унија да прифати 200.000 бегалци, како дел од „програмата за масовна преселба“ која ќе биде обврзувачка за земјите на ЕУ. Антонио Гутерес денеска изјави дека ЕУ мора да мобилизира „полна сила“ за кизата, посочувајќи дека поделеленоста во Унијата би била од корист само за криумчарите со луѓе. Најмалку 200 луѓе во Унгарија втор ден се соочуваат со полицијата во градот Бичке, одбивајќи да се симнат од возивите кои треба да ги однесат до австриската граница. Стотици бегалци пеш тргнаа од главната железничката станица во Будимпешта кон Австрија, откако не беа во можност да се качат во возовите. Околу 300 мигранти избегале од кампот за бегалци во близина на градот Роске.

XS
SM
MD
LG