Достапни линкови

Давутоглу: Турција е за формирање сигурни зони во Сирија


Турција се обиде да го убеди светот да формира сигурна зона внатре во Сирија за да се запре приливот на бегалци од таа земја зафатена со војна, но никој не ја слуша, изјави денеска премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу во Анкара. Изјавата на турскиот премиер доаѓа во моменот кога на повеќе состаноци на високо ниво низ цела Европа европски официјални лица се обидуваат да пронајдат решение за имигрантска криза. Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе разговараат за актуелните прашања за миграција на дводневниот неформален состанок кој почнува во Луксембург, додека лидерите на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија во Прага ќе одржат вонреден Самит за мигрантската криза .

XS
SM
MD
LG