Достапни линкови

logo-print

Девет загинати во напади во Душанбе


Девет луѓе се убиени во два одделни напади во таџикистанскиот главен град Душанбе. Двајца припадници на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи и еден сообраќаен полицаец денеска биле убиени во напад во близина на аеродромот во Душанбе, а еден сообраќаен полициаец е хоспитализиран поради прострелни рани. Неколку часа подоцна, вооружена група нападнала полициска станица во градот Вахдат, на 20 километри од Душанбе. Министерството за внатрешни работи соопшти дека напаѓачите биле водени од човек идентификуван како Зијовидин Абдулоев. Претставник на министерството за Радио Слободна Европа изјавил дека четири полицајци и еден човек на напаѓачите биле убиени во престрелка. Тројца други напаѓачи биле повредени.

XS
SM
MD
LG