Достапни линкови

Милитантите на ИД продолжуваат со рушење на Палмира


Сирискиот шеф за антиквитети Мамоун Абделкарим денеска изјави дека милитантите на Исламската држава кренале во воздух три антички погребни кули во централниот дел на градот Палмира. Тој соопшти дека гробниците изградени меѓу 44 и 103 година од нашата ера, биле уништени пред 10 дена и оти тоа биле најубавите и најдобро зачувани кули гробници во Палмира. Милитантите ја уништиле и кулата Елахбел, за која Абделкарим рече дека имала четири ката и еден подземен кат.

XS
SM
MD
LG