Достапни линкови

Образованието не го обели образот


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Со стартот на новата учебна година останаа отворени и низата проблеми во образованието, за кои минатата година протестираа и студентите и учениците и настаниците.

И оваа учебна година почна со наследени проблеми меѓу кои измените на законот за образование и државна матура кои и покрај тоа што требаше да се дефинираат во 2015 година се пролонгираат за една година, што остави вакуум простор во кој најнезадоволни се професорите и учениците.

Годинашното екстерно тестирање мислам дека беше едно од најлошо спроведените досега. Имаше премногу приговори кои, иако основани, не беа прифатени. Главниот проблем беше некомпетентноста на луѓето што ги составуваат прашањата. Имаше прашања кои нашите професори не можеа да ги одговорат затоа што не беа правилно поставени, затоа што не беа во согласност со програмата што ние ја учиме. И сè така се трупаа проблеми, знаете кога се трупаат проблеми еден врз друг еднаш мора да пукне. Така пукна и годинава.

Со стартот на новата учебна година останаа отворени и низа пропусти како што се навремена реконструкција на училишта што во некои општини го пролонгира првиот школски час, како што беше случај во едно струмичко село. Истовремено, како поакутни проблеми кои го одбележуваат почетокот на оваа година се застарената столарија и стари училишта од 40 години кои имаат дотраени санитарни јазли, а песимизам внесуваат суштинските работи кои се основен импакт во образовниот систем, а тоа се учебниците кои оваа година ќе останат со старите грешки и покрај фактот на кој укажуваат наставниците дека нивната содржина треба да се смени. Но, најмногу збунетост и револт внесува екстерното тестирање кое минатата година беше бојкотирано од наставниците и учениците преку протести и маршеви.

Од Средношколскиот пленум се упорни и одлучни во нивниот начин на дејствување и активности што ќе ги преземаат и оваа година. Од таму сметаат дека одлагањето на измените во законот за 2016 година, што го најави премиерот, го продлабочуваат проблемот на јазот меѓу средношколците и Министерството за образование, со што ќе расте нетрпението и ќе се зголемува тензијата создавајќи од проблемот темпирана бомба што е својствена за ситуациите кога решението за проблемот се одолговлекува.

Дијалог да, но во ситуација кога политичките партии се подготвуваат за предвремени избори, не сакам образованието да биде во преден план и да се злоупотребува за политички цели.

Ученичката во трета година во скопската гимназија Орце Николов, Симона Туфекџиќ вели дека начинот на кој се спроведува екстерното тестирање не е во согласност со европските образовни стандарди и дека оваа реформа, наместо да донесе одговори на образовните проблеми, само ги продлабочува.

„Годинашното екстерно тестирање мислам дека беше едно од најлошо спроведените досега. Имаше премногу приговори кои, иако основани, не беа прифатени. Главниот проблем беше некомпетентноста на луѓето што ги составуваат прашањата. Имаше прашања кои нашите професори не можеа да ги одговорат затоа што не беа правилно поставени, затоа што не беа во согласност со програмата што ние ја учиме. И сè така се трупаа проблеми, знаете кога се трупаат проблеми еден врз друг еднаш мора да пукне. Така пукна и годинава“, вели таа.

Она што го има направено владата со своите безбројни проекти за реформи во образованието е хаос со кој и таа самата не може да се снајде, а од кој трпат наставниците и самите ученици.

Како и да е, министерот за образование Адеми искажа песимизам околу евентуалниот дијалог со Средношколскиот пленум, од каде подолг период бараат средби со Министерството за образование околу измените во воспитно - образовниот процес.

„Дијалог да, но во ситуација кога политичките партии се подготвуваат за предвремени избори, не сакам образованието да биде во преден план и да се злоупотребува за политички цели“, рече Адеми.

Првоодделенци не знаат да читаат, а имаат едни такви обични учебници во споредба со претходните кои изгледаа како сликовници, кои беа убави за таа возраст на децата, сега имаме едни стереотипни во црно-бела техника, напиши - допиши, нема ништо убаво во тоа, а камо ли нешто едукативно или провокативно за децата.

Здравко Савески од Мултиетничкиот синдикат за образование потенцира дека проблемите во образованието продолжуваат со почетокот на школската година, бидејќи многу проблеми останале незатворени од претходната година, а создадени се и нови проблеми со стапување на сила на нови закони што беа донесени како што е законот за наставници во основно и средно образование и законот за академија на наставници.

„Она што го има направено владата со своите безбројни проекти за реформи во образованието е хаос со кој и таа самата не може да се снајде, а од кој трпат наставниците и самите ученици. Има повеќе аспекти кои се проблематични, но суштината на проблемот е трупањето на административни обврски кои во текот на својата работа треба да ги исполнуваат наставниците и кои ги одвлекуваат од процесот на лично напредување и понудување квалитетна настава и работа со учениците“, вели Савески.

Имаме доста проблеми. Има стари планови и програми. На пример во нашето училиште за предметот сметководство има измени во планот, но книгите се обработени со стариот план. Биро за развој не реагира Но, тоа е тоа. Носењето толку многу закони веројатно резултира со овие последици што ги трпиме во образованието.

Тој посочува дека една од тие бирократски обврски претставува водењето и класичен и електронски дневник со кој се отежнува работата на наставниците, но за него еден од клучните проблеми е и тоа што законите се носат без јавна дискусија и не се остава простор самите наставници, синдикатите и пошироката јавност да учествуваат со свој став и со тоа се отвора простор за партиско влијание во образованието.

„Со новите закони се воведуваат стандарди кои треба да ги исполнат наставниците, но се воспоставени на доста бирократски начин и се создава впечаток дека толку ригорозни критериуми може да бидат злоупотребени од владата со цел да бидат уценувани наставниците за следење на партиската линија која ќе им биде наложена и во случај да не ги исполнат тие критериуми да се издејствува тие да бидат казнети“, вели тој.

Имаше и грешки, но ние учиме од учебниците, тоа што ни е дадено, тоа мора да го учиме. Ние и да се жалиме, тоа е и да не ни се допаѓа, пак ќе го учиме.

Дел од наставниците сметаат дека донесените одлуки во поголемиот дел од случаите се сувопарни и дека отсуствува иновативност која е една од побитните цели на секој проевропски образовен систем. Како дел од апсурдностите се воведуваат програми од Кембриџ, а училиштата не се опремени со соодветна опрема која ќе одговори на работните наставни задачи.

Беше предизборие и тогаш општинарите си направија свои фешти пред камери, сечеа ленти во едно од училиштата и го пуштија, но во тоа училиште не се направи водоводна инсталација, одводна инсталација, не се направи парното, не се направи пристап до училиштето и во моментот кога вратите се отворени, селските коњи си престојуваат.

„Најавите околу промените во законот само уште повеќе ја збркаа целта работа. Она што се однесува до инвестициите во образованието и до нови проекти, тоа веќе станува дури неинтересно, постојано нешто ново се воведува, а ништо ново не гледаме. Учениците не се задоволни, ниту, пак, некои знаења трајно остануваат. Треба да кажеме дека не е тоа пат кој сакаме да го одиме. Воведовме Кембриџ, тие знаења од математика беше со идеја да се подобрат, но тоа не се постигнува без таква нагледност по пат на самосознавање на добивање информации преку игра, преку следење интернет итн. Начинот како да се учи, како да се предава не се гледа. Не се гледаат клучните работи. Сè земено, сè е збунувачко. Една монотона и ладна училница. Без разлика што се во гимназија, нема кабинетска настава, таму каде има е без средства. Обична киселина нема, а ако ја купат и тоа е малку“, вели м-р. Јулија Петроска, наставник во основно училиште во Скопје.

Љатиф Исмаили, наставник во средно училиште во Тетово, е разочаран што веќе неколку години по ред го пресретнуваат стари учебници кои не се усогласени со современите текови во светот. Тој го посочува наставниот предмет по сметководство зачуден од тоа што и покрај многуте направени промени, содржините во некои учебници се покриени со правот на минатото.

Години наназад кажуваме за проблемите, но тие не само што не се решија, туку се воведоа закони со кои не само што ништо не се направи, туку уште поголеми проблеми настануваат во образовниот систем.

„Имаме доста проблеми. Има стари планови и програми. На пример во нашето училиште за предметот сметководство има измени во планот, но книгите се обработени со стариот план. Биро за развој не реагира Но, тоа е тоа. Носењето толку многу закони веројатно резултира со овие последици што ги трпиме во образованието“, вели тој.

Јулија Петроска смета дека дури и воведувањето на нови учебници не го одликува некоја поголема креативност. Таа се сомнева дека со такви учебници може да се привлече вниманието на учениците.

„Првоодделенци не знаат да читаат, а имаат едни такви обични учебници во споредба со претходните кои изгледаа како сликовници, кои беа убави за таа возраст на децата, сега имаме едни стереотипни во црно-бела техника, напиши - допиши, нема ништо убаво во тоа, а камо ли нешто едукативно или провокативно за децата. Во суштина ние тоа требаше да го поттикнеме со Кембриџот, да има провокација за учење. Другите учебници, што се однесува до грешките, тоа секоја година се кажува, некои промени да се направат, па издавачите што ги даваат нека седнат да го сработат тоа. Па рецензентите што прават? Јас не знам што се случува“, вели таа.

И за родителите и за учениците еден од поголемите проблеми во новата учебна година ќе бидат повторно учебниците кои шеста година по ред се употребуваат. Некои одат дотаму што велат дека старите учебници се неупотребливи и дека повторно ќе се одлеваат пари од нивниот буџет за да се изнајде начин како да се репарираат, односно да се адаптираат за учениците. Некои се незадоволни од наставните содржини, посочувајќи дека се со тежок и обемен материјал несоодветен за годината што ја учат.

„Имаше и грешки, но ние учиме од учебниците, тоа што ни е дадено, тоа мора да го учиме. Ние и да се жалиме, тоа е и да не ни се допаѓа, пак ќе го учиме.“

„Книгите општо тие што се за странски јазик, тие беа точни, без печатни грешки, а нашите со поголеми нелогичности, пример во учебникот по македонски јазик имаше доста печатни грешки.“

„Сега по ова новото што е програмата Кембриџ и професорите имаа реакции дека можеби имало малку повеќе материјал.“

„Ние што сме учеле во трето – четврто одделение, сега во прво се учат, меѓутоа такви се времињата“, велат анкетираните.

Исто така долгогодишен наследен проблем остануваат руинираните училишта, но проблем се и дел од новоизградените училишта, а и други оставени на забот на времето на кои им претстои опасност од руинирање поради негрижа и поради некои недоследности во градбата. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија има речиси илјада основни и 116 средни училишта. Една третина од нив се реконструирани во последниве десет години.

Владо Димовски од Наставничкиот пленум вели дека во општината каде што работи, со овој владин проект се изградени две нови училишта во кои не се изведува настава, затоа што веќе 4 години се недовршени.

„Беше предизборие и тогаш општинарите си направија свои фешти пред камери, сечеа ленти во едно од училиштата и го пуштија, но во тоа училиште не се направи водоводна инсталација, одводна инсталација, не се направи парното, не се направи пристап до училиштето и во моментот кога вратите се отворени, селските коњи си престојуваат“, вели тој.

Инаку, неодамна премиерот Груевски кажа дека над 50 милиони евра за неполни 9 години државата инвестирала во изградба на нови и реконструкција на веќе постоечки училишта во Македонија. Околу 30 милиони евра се инвестирани во реконструкција на вкупно 350 училишта, а останатите се потрошени за изградба на нови 70 училишта.

Дел од професорите сметаат дека суштинскиот проблем е што се носат закони кои не нудат квалитет, а тоа понатаму има последици врз целиот образовен систем. Горица Илиоска, наставник во средно училиште во Скопје, е скептична дека нешто ќе се смени по изјавата на ресорниот министер Адеми дека во наредните неколку месеци ќе и се отвори вратата на политиката.

„Како доказ за сè она што се случува во почетокот на годината, јас би кажала дека сум фрапирана од последната изјава на министерот за образование Адеми, според кого, во септември не треба да биде образованието во преден план, осум месеци пред изборите. Кога треба да биде образованието во преден план? Кога треба ние да се посветиме на учениците? Кога треба да седнеме на маса ние професорите, да кажеме што имаме проблеми и да се преземаат мерки? Години наназад кажуваме за проблемите, но тие не само што не се решија, туку се воведоа закони со кои не само што ништо не се направи, туку уште поголеми проблеми настануваат во образовниот систем. Тоа е навистина демотивирачки. Мотивирани се само еден мала број, се надевам дека е мал број дека сум во право, кои се задоволни со еден хаос во училиштата. Нив на некој начин би ги нарекла политички полтрони кои се штитат позади оваа политика во образованието. Тоа е она што ги демотивира работниците“, вели таа.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG