Достапни линкови

logo-print

Состаноци на ЕУ за мигрантската криза


Шефовите на дипломатиите на Европската унија денеска во Луксембург ќе разговараат за кризата со мигрантите, Во исто време за ова прашање во Прага ќе дискутираат и премиерите на таканаречената Вишеградска група во кои се вклучени Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Членовите на оваа група се главните противници на иницијативата на Франција и Германија за утврдување квоти за прифаќање на мигрантите во земјите членки на Европската унија. Во меѓувреме, во Унгарија околу 200 мигранти и натаму одбиваат да го напуштат возот за да бидат сместени во прифатни центри. Тие инсистираат да заминат за Австрија.

XS
SM
MD
LG