Достапни линкови

logo-print

Тимерманс: Европа пред хуманитарна и политичка криза


Франс Тимерманс

Франс Тимерманс

„Европа се соочува со хуманитарна и политичка криза без преседан поради приливот на бегалци“. Ова во Атина го изјави потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, додавајќи дека мора да се најде заеднички одговор на овој европски проблем. Тимерманс и еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос се наоѓаат во дводневна посета на Грција во рамките на турнејата по земјите кои најмногу се погодени со мигрантската криза. Денеска тие треба да ги посетат островите Кос и Лезбос каде што секојдневно стигнуваат по неколку стотици мигранти и бегалци.

XS
SM
MD
LG