Достапни линкови

На русите во Украина им се забранува работа во медиумите


Украинскиот парламент усвои забрана руските државјани да бидат вклучени во работењето на електронските медиуми во Украина. Во забраната се наведува дека „никој кој е агресор во Украина“, не смее да биде вмешан во работата на телевизиските и на радио станиците. Претходно украинскиот национален совет за безбедност ја означи Русија како агресор на Украина. Парламентот ги повика медиумите да објават целосни информации за нивните сопственички структури.

XS
SM
MD
LG