Достапни линкови

Вашингтон ги следи извештаите за руска воена активност во Сирија


Белата куќа соопшти дека ги следи извештаите оти Русија спроведувала воени операции во Сирија. „Запознати сме со извештаите дека Русија распоредувала воен персонал и летала во Сирија“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернст, наведувајќи дека секоја воена поддршка на режимот на претседателот Башар ал Асадби можело да биде дестабилизирачка и контра продуктивна. Во социјалните медиуми деновиве се појавија снимки на кои се гледаат руски авиони и дронови во близина на сириската провинција Идлиб. Има и извештаи дека Русија веќе извршила напади врз милитантите на Исламската држава кои претходно ги нападнале силите лојални на претседателот Асад.

XS
SM
MD
LG