Достапни линкови

Ердоган: ЕУ го претвори Медитеранот во гробница


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини денеска државите од Европската унија дека го претвориле Медитеранот во гробница за мигранти и дека се одговорни за смртта на секоја поединечна жртва. „Европските држави кои го претворија Средоземното Море во гробница на мигранти се страна во злосторство кое се повторува секогаш кога некој бегалец ќе го загуби животот, рече Ердоган во говор во Анкара. Турција прифати околу 1,8 милиони бегалци од Сирија, а Европа според Ердоган, не прави ништо да го подели товарот од кризата.

XS
SM
MD
LG