Достапни линкови

Четири милиони бегалци подготвени да заминат кон Европа


Околу четири милиони мигранти и бегалци се подготвени да тргнат од Турција кон Европа во најскоро време, изјави на прес-конференција грчкиот заменик министер за морска флота Христос Зоис.„Четири милиони бегалци се наоѓаат во моментот во Турција и се подготвени да ја напуштат таа држава и да се упатат кон Европа, изјави Зоис. Според него, Грција нема доволно сили за да се спротистави на таков бран бегалци. „Од 240 бродови кои ги има на располагање крајбрежната стража, 36 отсто не се во функција поради технички проблеми. Од седум авиони само четири може да полетаат, а од 6 хеликоптери функционира само еден“, прецизира Зоис. Претходно тој се сретна со шефот на Фронтекс, ФабрисЛеџери при што била постигнат договор за заеднички напори со Агенцијата за контрола и управување со мигранти.

XS
SM
MD
LG