Достапни линкови

Помалку првачиња во Битола


Вкупно на територијата на општина Битола запишани се вкупно 960 првачиња значи 20 помалку од минатата година. Бројот на првоодделенци не може да се зголеми зашто Битола се вбројува во општините рекордери со низок наталитет во земјава.

Во новата учебна година во битолските училишта запишани се дваесетина првачиња помалку од лани. Последните години не се бележат позначајни промени во бројот на првоодделенци кој или се зголемува или намалува за неколку десетици. Така во 2014 година имаше десетина ученици повеќе од претходната, а во 2013 –та бројката беше намалена за педесетина. Во просек секоја година во школските клупи во основно седнуваат нешто помалку од илјада нови ученици. Негативниот тренд во намалувањето на бројот на првачиња се бележи од пред триесетина години, па наваму.

Вкупно на територијата на општина Битола запишани се вкупно 960 првачиња значи 20 помалку од минатата година. Но, според списокот што го добивме од МВР има се уште првачиња кои не се запишани во основното образование.
Снежана Петровска, советник за образование во битолската општина.

„Вкупно на територијата на општина Битола запишани се вкупно 960 првачиња значи 20 помалку од минатата година. Но, според списокот што го добивме од МВР има се уште првачиња кои не се запишани во основното образование“, изјави Снежана Петровска, советник за образование во битолската општина.

Бројот на првоодделенци не може да се зголеми зашто Битола се вбројува во општините рекордери со низок наталитет во земјава. Според податоците на Заводот за статистика лани во градот на свет дошле 926 новороденчиња, што е помалку од Куманово каде се родиле 1.305, Тетово со 1.220 и Чаир со 1.105. Битола се вбројува и меѓу градовите со поголем процент на разводи, а „белата чума“, болест на современото живеење го зголемува процентот на старо население во градот. Пред три години, Битола беше прва од општините од внатрешноста со најголем број на починати лица. Анализата покажува дека на двајца умрени се раѓало по едно дете.

Како последица на ваквата ситуација во град кој брои околу 90 илјади жители нецели 14 проценти или нешто над 12 илјади се деца и млади на возраст од шест до 15 години.

„На ниво на општина Битола има 7.834 основци, а во средното образование учат 4.480 ученици“, вели Петревска.

Досега од општина Битола во повеќе наврати посочиле дека се обидуваат да создадат услови за нови работни места со што ќе се подобри економската состојба на битолчани , а со тоа ќе се зголеми и наталитетот. Велат дека вложуваат и во училиштата со цел д се подобрат школските услови на учениците. За неколку години очекуваат да се зголеми бројот на првачиња зашто градинките се преполни, па се прават листи на чекање за упис.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG