Достапни линкови

logo-print

Хаменеи: Западот да ги укине санкциите кон Иран


Иранскиот врховен лидер Ајатолах Али Хаменеи изјави дека светските сили треба да ги укинат меѓународните санкции, како дел од заедничкиот нуклеарен договор. Обраќајќи се денеска на националната телевизија тој предупреди дека „нема да има договор“ ако санкциите не бидат укинати. Според договорот меѓу Иран и шесте светски сили, санкциите треба постепено да бидат укинувани во замена за ограничувањето на нуклеарните активности на Иран, за кои Западот се сомнева дека имаат цел да создадат нуклеарна бомба. Хменеи исто така рече дека се залага за гласање во Парламентот за договорот, за што претседателот Хасан Рохани се противи.

XS
SM
MD
LG