Достапни линкови

logo-print

Столтенберг на отворање на воен центар во Литванија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг присуствуваше на инаугурацијата на воениот центар во Вилнус, кој е формиран со цел да одговори на новите безбедносни закани од Русија. Столтенберг на церемонијата и се придружи на литванската претседателка Далија Грибаускаите. Тој новата единица ја опиша како „голем чекор напред кон поголема солидарност, поголема сила и поголема подготвеност.“ Секоја од новите вакви единици кои се присутни во Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија и Полска содржи по околу 40 луѓе воен персонал и треба да им помагаат на земјите во воените вежби и во планирање на други воени активности.

XS
SM
MD
LG