Достапни линкови

logo-print

Спасени стотици бегалци на пат кон Грција


Грчката крајбрежна стража соопшти дека спасила стотици мигранти и бегалци, додека се обидувале со чамци да стигнат до грчките острови од турскиот брег. Грчките власти, од вчера до денеска собрале 751 луѓе во 19 инциденти во близина на бреговите на островите Лезбос, Самос, Агатониси, Фармакониси, Калимнос и Сими. Во овие бројки не се вклучени стотиците други мигранти кои стигнуваат до бреговите на островите. Досега, само оваа година, во Грција пристигнале повеќе од 200 илјади бегалци и мигранти кои бегаат од војната и сиромаштијата на Блискиот Исток, во Африка и делови од Азија.

XS
SM
MD
LG