Достапни линкови

Орбан во Брисел дискутира за бегалската криза


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека луѓето во Европа се „полни со страв“, бидејќи нивните лидери „не се способни да го контролираат“ невидниот наплив на мигранти. Зборувајќи денеска по разговорите со претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц во Брисел, Орбан ја опиша кризата со бегалците како „германски проблем“, а не европски. Коментарите доаѓаат откако најмалку 2000 мигранти се заглавени во Будимпешта од 1 септември, откако им беше забрането да влегуваат во возовите на главната железничка станица. Многумина сакаат да патуваат во германија, но Унгарија вели дека ги спроведува правилата на ЕУ. Унгарската полиција денеска повторно ја отвори станицата Келети, но унгарската железничка компанија соопшти дека ги супендирала сите директни возови кон западните дестинации.

XS
SM
MD
LG