Достапни линкови

Отворена железничката станица во Будимпешта


Мигрантите денеска ја преплавија главната железничка станица во Будимпешта, Келети откако унгарската полиција ја прекина блокадата и ги пушти да влезат во станицата. Сепак, соопштено е дека нема да има возови кон Западна Европа поради безбедносни причини. Полицијата деновиве ја блокираше станицата и им забрани влез на мигрантите иако имаа купено билети за Австрија и Германија. Полицијата не соопшти зошто ја отвори станицата. Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Брисел се состанува со европските лидери за мигрантската криза.

XS
SM
MD
LG