Достапни линкови

logo-print

Обама има гласови во Сенатот за договорот со Иран


Барбара Микулски

Барбара Микулски

Американскиот претседател Барак Обама, според оценките, обезбедил крупна надворешно политичка победа со оглед на тоа што неговата Демократска партија собра доволен број гласови во Сенатот за нуклеарниот договор со Иран и покрај противењето на републиканците во Конгресот. Со поддршката на сенаторката Барбара Микулски, Обама во Сенатот го доби клучниот 34 глас кој му овозможува да вложи вето на конгресна резолуција за отфрлање на договорот што за идната недела ја најавуваат републиканците. Тие и Израел велат дека отстапките спрема Иран ќе му овозможи на Техеран да прави хаос на Блискиот Исток. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека отфрлањето на договорот ќе му нанесе штета на американскиот кредибилитет во светот.

XS
SM
MD
LG