Достапни линкови

Украина официјално ја прогласи Русија за непријател


Петро Порошенко

Петро Порошенко

Украинскиот совет за национална безбедност одобри нова воена доктрина со која Русија се декларира како непријател и бара земјата да стане членка на НАТО до 2020 година. Досега нема официјална реакција од Русија која ги демантира наводите дека испраќала војници и опрема за сепаратистите во источна Украина и која се противи на украинските намери да се зачлени во НАТО. До овој потег доаѓа во момент на силни политички тензии во врска со напорите на шефот на државата Петро Порошенко да добие одобрување на предлогот за менување на Уставот со што некои региони ќе имаат поголема автономија. Новата воена доктрина треба да биде потпишана од претседателот Порошенко.

XS
SM
MD
LG