Достапни линкови

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија


Европската унија се согласи за дополнителни шест месеци да ги продолжи санкциите против руските фирми и поединци, како и против про-руските сепаратисти, за одржување на притисокот врз Москва да го спроведе договорот за прекин на огнот потпишан во Минск. Одлуката била донесена на денешниот состанок на амбасадорите на ЕУ и треба да биде потпишан од министрите на средината на септември. Замрзнатите имоти и забраните за патување истекуваа на 15 септември. Санкциите се насочени кон 150 луѓе, вклучително високи руски советници, пратеници, како и кон лидерите на украинските бунтовници. Исто така на листата се 37 фирими и други ентитети, вклучително и 13 што Москва ги конфискуваше при анексијата на Крим во март 2014 година.

XS
SM
MD
LG