Достапни линкови

Демократите гласаа за одржување на нуклеарниот договор


Сенаторката Барбара Микулски.

Сенаторката Барбара Микулски.

Демократите во Сенатот на САД собраа 34 гласови кои им сепотребни да го одржат жив иранскиот нуклеарен договор во Конгресот, придавајќи му на голема дипломатска победа на претседателот Барак Обама. Сенаторката Барбара Микулски денеска го даде 34-от клучен глас, велејќи дека договорот е најдобар начин за спречување на нуклеарните амбиции на Иран. Обама вети дека ќе стави вето на резолуцијата, доколку помине. Беа потребни 34 гласови да се одржи ветото и демократите сега ги имаат потребните гласови. Договорот потпишан од Иран, САД и пет други светски сили ја лимитира нуклеарната програма на Техеран во замена за ослободување на санкциите против земјата.

XS
SM
MD
LG