Достапни линкови

Општина Центар: Неправилности во зградата на ВМРО–ДПМНЕ


Општина Центар констатирала неправилности во зградата која е седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се наведува дека инспекцијата констатирала дека дел од објектот бил пуштен во употреба без употребна дозвола. „Надворешниот дел не е настрешница како што тврдат, туку балкон, а за тоа нема одобрение“, соопшти раководителот на Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, Кочо Стојчевски. „За овие недоследности, Секторот за инспекциски работи ја разгледува можноста за давање предлог за одземање на лиценцата за градење на ГП БЕТОН, која дел од објектот го има изградено без потребните одобренија. Според наодите, веќе е извесно дека инспекција на Општина Центар ќе донесе управен акт за отстранување на дел од градбата за која е констатирано дека е дивограба“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG