Достапни линкови

Арбитража за решавање на спорот меѓу Хрватска и Словенија


Арбитражата е единствен начин за решавање на граничниот спор со Хрватска, бидејќи тоа прашање покрај инсистирањата не може да се реши со договор, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец. Тој за Словенечката телевизија истакна дека двете соседни држави за време на 18-годишните преговори не успеаја да го решат граничниот спор во Пиранскиот Залив и оти поради тоа арбитражата е единствен адекватен начин. Ерјавец посочи дека таквиот механизам за решавање на споровите ќе им користи и на другите земји во регионот. Шефот на словенечката дипломатија коментирајќи ги изјавите на хрватските претставници, дека арбитражниот договор е билатерален договор меѓу Хрватска и Словенија кои сами мораат да го решат, истакна дека тоа не е билатерален туку меѓународен договор кој е донесен под покровителство на Европската унија.

XS
SM
MD
LG